1_thumb
пред 4 дена

Убаво сложени стихови,Ferry.Не си се потпишала,но претпоставувам дека се твои.Ми се допаѓа стилот.
Доволно читав на оваа тема,па ајде да поставам и нешто од мене

Камера (1993)

Очи
камера
се снима
пази што прави
пазат на стилот
дали доволно паметно молчат
дали доволно интелигентно зјапаат
кутри кретеноиди
ротираат околу својот омилен кретен
кој мрмори нешто неразбирливо и гласно
се разбира,не на овдешен јазик
уши
микрофони
многу живи микрофони
внимавај на своите
неколку збора месечно
се снима
а и ти снимаш
копиле
на некои тоа не им е важно
ни мене не ми е гајле
дали снимаш
и дали разбираш нешто од тоа
на снимката сум само јас
едноставно
провидно
јас
без енигма
затоа
гони се со својата камера
нема што да се види веќе
истреби се со своите
грижи и комплекси
камуфлирани со твојот
стил со долги ноѕе
не користам камери
не превртувам се’ во потрага
по невидлива мана
не се срамам од моите очи
и не се плашам од ехото
на моите зборови

гледам горе
ја забележувам твојата камера
колку ли се мали
безначајно мали
луѓето во неа…


WHO ART THOU, O WITCH, THAT SEEKEST ME?

+2
Night_sky_by_girl_meets_boy_thumb
пред 4 дена

Фала на пофалбите, имам напишано и многу други ама се подолги. Uruku и мене ми се допаѓа твојот стил.
Ај еве уште една пократка

Роса

Немаше очи
за да ме види,
и не знаеше да лета
во стварноста…
Беше само празен лик
кој го исполнив со емоции…

Само чекорев…
чекор по чекор во ноќта…

Темна е ширината во шумата.
Чекорам…
роса по роса во ноќта.
Темна е близината.
Чекорам…
но безброј се чекорите и
росите безброј се.
Чекорам…
И секоја роса остава трага
од нов чекор…

Forest is my kingdom….

+4
Jaka_slika_thumb
пред 4 дена

Еве нешто и од мене

Пред смртта

Топли се камењата,
врела е песокта
измешана со судбини,
разнесена од воздишки…
Топла е земјата
и морињата полни со солзи
топла е и изгубеноста
што се шета по бескрајот
на нашите мисли…

Топла е ср’жта на коските
и течноста во вените
преполна со црвени желби…

Топла е постелата на нашите умирања
и раѓања во овој хаос
од животи кои лутаат по среќата и бараат топлина…

Everything in this miserable life is nothing, but dust…
Only the true love can save your soul,can give you a sence, can make you immortal…

+2