Kога би го рецензирал овај бенд би звучел пристрасно, но верувале или не ќе се потрудам да бидам реален. А овај бенд заслужува посебно и големо внимание бидеејки многу на овој бенд тоа му го должиме. Judas како секогаш така и овај пат успеваат во она што ќе го замислат. Можат ако сакаат да звучат жестоко, ако сакаат и тешко и.т.н. За оние кои мислат дека ова им е најслаб албум се лажат. Незнам што очекуваа уштеодамна се најавуваше како ќе изглеа овај албум. Поточно многу поодамна беше најавен дека албумот ќе биде концептуален, епски и ќе биде посветен на францускиот пророк , раскажувајки ни ја неговата приказна од 16 век и за неговите пророштва . Станува збор за добро познатиот на сите нас Michel de Nostredame познат на повеќето како Nostradamus - Нострадамус .
Ова дело за овај бенд е нешто ново и предизвик. Ним им е ова прв концептуален албум и тоа што би рекол прво , а пак машко. Интересно издаден е во три верзии : стандарна - Две цедиња со времетраење од 103 минути, Hardcover Book Limited Edition 2CD и 3LP (винил – на плочи) со бонус 2CD од стандарната верзија. Да се изнаслушаш од музика. Албумот е изваден од страна на Columbia Records и Epic Records и тоа официјално на 16 Јуни 2008 г.
Оние кои ги сакаат од периодот од деведесетите со епохалниот Painkiller сигурно во ова остварување нема да ги пронајдат. Но ако ги следеле од самиот почеток од 1974 со Rocka Rolla кога свиреа хард рок па се низ целата нивна триесетипетгодишна кариера ќе ви биде се јасно за значењето на овај Свештеник во ерата на металот религијата.
После создавањето на албумот-симболот на агресивниот хеви метал зачинето со многу треш елементи "Painkiller", тие продожија во тој жесток стил со Тим Риперот – Овен као во наследникот "Jugulator", така и во наредниот во кој уште повеќе си дозволија да поекспериментираат со "Demolition" . Но за тоа време Halford пак експериментираше со својата соло кариера во пожесток стил. За на крајот на општо задоволство на сите да направат голем чекор врајкајки се кон матичниот бенд односно кон реунион и нов почеток , создавајки го ремек делото со разнообразни елементи од нивната кариера ,од балада па се до жестина па на крајот да завршат во стилот на своите сограѓани од Бирминген Блек Сабат со тешина во думерски стил со долга нумера . Тоа го направија за да го опипаат пулсот на слушателите од се по нешто за секого во "Angel Of Retribution". Е сега сватија дека е време за нешто ново како за нив така и за слушателите. Видоа дека е време да се пробаат со концептуално епско дело со интересна тематика: "Nostradamus". За мене ова е најмудриот и најамбициозен чекор на британскиот квинтет. Тука се осеќаат ритми од целата нивна кариера како од "Sad Wings Of Destiny" се до "Ram It Down", "Killing Machine" споено и искуството со сајзерите од "Turbo", "Stained Class" како ритмиката од "Defenders Of The Faith" и "Screaming For Vengeance" завршувајки со хармонијата "Sin After Sin". Сето тоа искуство сплетено во едно ремек дело целото нивно влијание од нумерети Ripper, Sentinel, Jawbreaker, Painkiller, Exciter, Defender, Sinner, Tyrant, Invader, Hellion претечено е во една чаша во ова епско дело. Творечки е обватено целиот пророчки опус на апокалиптичкиот претскажувач од Франција . Сето тоа предводено од металната палка на диригентите Glenn Tipton, K.K. Downing, Rob Halford, Ian Hill и Scott Travis. Мислам дека ова неможат да го повторат . Идејата им е оригинална како и текстуално така и музички. Ова е нивно крунисување нивниот врв се од почетокот од хард-рокот на групата во 70-те која беше водечки двигател со екстремните праволиниски рифови и солажи и терци ко ги правеше едни од првите бендови кои беа со две гитари во металот од 80-те, за да се докажат дека можат да звучат и поцврсто и поагресивно во 90-те . За да докажат дека се неуморни во креативноста и дека никогаш не се повторуваат црпејки ја својата инспирација и претворајки ја во делото "Nostradamus" во овај нов милениум.
Магијата започнува од самиот почеток со отворањето на двеминутното интро Dawn of Creation. Од самото прво слушање впечаток ќе ви остават и убедливо за мене најдобрите Prophecy, Visions и Nostradamus. Но со се повеќе слушање ќе ви се доближат клавијатурите и гитарите и нема да ви пречат повеќе. Мрачна атмосвера ќе ви удолови од 16 век бирмигенската петорка приведувајки ве од приказната од самиот почеток па се до неговиот крај не оставајки ве да земете здив. Доближувајки ви ја мистичната атмосфера , мајсторски подредена на моменти поагресивно , а на моменти поспоро епско вистинсо дело поврзано со поминорни и лирски настроени моменти. На моменти можи да уживате и во акустични гитарски пејсажи зачинети со боженствениот глас на богот на металот кој сеуште не го издава и добро го служи лично самиот господин Rob Halford. Во "Nostradamus" не велам дека неима повеќе спори баладни моменти. Точно ги има во ова остварување и тоа можеби повеќе одколку во сите албуми на Judas и Halford земени заедно. Но мора да се сложите исто така изобилува и со убиствени рифови и злокобно средно темпо. Rob, емотивно се внесува во овој албум како и секогаш драматизарки го како одлична престава . Динамиката на величествените музичаари се базира врз нивната собствена креативно градејки го овој метал гуру албум во кој нема гости , нема и никакви позадински пратечи вокали. Самите се ослонуваат на себе.
Максимум извекоад од сите страни. Се гледа дека се работи за стар и искусен бенд. Judas Priest одсекогаш успеваат да го постигнат невозможното и да се надминат и самите себе си. И да ги убедат и најголемите скептици дека сеушти имаа што да понудат и што да кажат и се далеку од својот крај. Ова е едноставно нов почеток.
Зевс
Оценка: 10/10