Ова е изданието кое ми остави незаборавен впечаток, кој никогаш нема да престанам да го слушам. Ова е војна помеѓу два стилови на музика. Потполно стилот на музиката е менета за разлика од првиот албум на Arsis, кој во ова издание се покажуваат потполно многу многу добар технички дет метал бенд, a карактеристично нешто за овај бенд се гитарските рифови и ритамот на музиката а исто и blackened death voice вокалот. Членовите на бендов се дефинитивно според мене најдобриот технички/мелодичен death метал банд(посебно тапанарот Darren и гитаристот Ryan. Фановите на техничкиот death metal ова е вашето дефинитивно решение! Да преминиме на албумов.
1.We Are The Nightmare
Ова е значи првата песна која од почеток ми зададе незаборавен впечаток. На почетокот почнува смирено, но по некое време почнува музиката која не можев да ја определам заради мешајњето на стиловите на музиката. Песнава е лудница, а и многу добра за почетокот на албумот.
2.Shattering the Spell
Уф, немам коментар за оваа песна."Тотална Лудница". Тапанерот Darren Cesca и гитаристот Ryan Knight комплетно "растураат".
3.Sightless Wisdom
Конечно и малку мелодичен звук со примеси од технички death метал. Песнава има солиден ритам благодарение на Darren и Рyan.
4.Servants to the Night
Дефинитивно мојата најомилена песна. Стилот на музиката е неопределив, стварно одлична песна која ми остави многу голем впечаток. Тука "растураат" Darren и Ryan.
5.Failing Winds of Hopeless Greed
Звукот на оваа песна е мало враќање на музиката што ја имаа на првиот нивни албум, али е неверојатно добра.
6.Overthrown
Ова е втората песна која е помелодична. Изобилува со супериорни гитарски солажи и ритам( како на сите песни на албумов).
7.Progressive Entrapment
Немам коментар за оваа песна. Тотална мешаница на стиловите на музиката.
8.A Feast for the Liar's Tongue
Уште една песна која подсетува на првиот албум на овај бенд, али одлична техника на членовите кои дефинитивно покажуваат дека можат да доминираат во стилот на техничкиот death метал.
9.My Oath to Madness
Уште една "мешаница". Многу добра песна која е карактеризирана со мешавината на стиловите(како и на сите песни од албумов). Повеќе "мава" на треш, али тоа е точно дека е тешко да се определи стилот на Arsis.
10.Failure's Conquest
Како и почетокот на албумот, така е и крајот. Почетокот на песнава е тивок, но после доаѓа звукот на Arsis.