Дефинитивно овој албум ми стана еден од кој нема никогаш да ги заборавам. For The Revolution дефинитивно е најдобриот албум на Kalmah. Од музиката на овој албум ми остави голем впечаток, исто и многу интересните текстови. Pekka Kokko е извонредно супериорен вокалист дефинитивно, а неговиот брат Antti е заслужен за текстовите и солажите. Овај албум е број 1 за оваа година во стилот на музиката што ја имаат Kalmah. Без разлика дека е малку понепознат бенд, али бендот има голема вредност, со кој можи да се споредува дури и со Chlidren Of Bodom. Звукот на музиката е перфектен,кој е карактеризиран со голема мелодија и моќен вокал. Како и да е ова одлично издание на Kalmah. За фановите на мелодичниот дет метал му го препорачувам овај албум задолжително да го слушнат.