Случајно го добив ова парче музика, на касета пред две години, и пуштање во кола, возам накај Радишани(последна 57). Темница што да ти кажам. И како за беља свири траката што ми стана најомилена од цел албум(Watch the fortune wheel). И си реков, одлично, неам зборови. Стилот на овој бенд е познат како old school death metal, на почетокот. А овој албум е ништо слично. Има многу индастриал моменти, електроника, но од Death Metal нема ни Д.
Во принцип е спор албум со прости рифови, во одлична комбинација. Вокалот е она што највеќе ми привлече внимание, користи на моменти ефекти, кои ги обожавам.И едноставно прави добра атмосфера.
Една трака малце како да двои од албумот, бидејќи е техно трака. Малце ме збуни на почеток и мислев дека нешто касетата била преснимувана, но испадна дека е нивна. Се на се одличен албум кој заслужува внимание, но го нема добиено.
Од мене албумов има 10-ка. Им го препорачувам исклучиво на луѓе кои сакаат да слушнат нешто поразлично, не екстремно, оригинално.