Изглеа мене ке ми премини во навика рецензирање на албуми ден-два по нивното официјално издавање. :)
Али јбг,некако ме зарази албумов.
Искрено,при првото слушање очекував стариов волк пак да ја оплеска работата како со предходниот Dirty Diamonds. Али сум се заебал.
После слушањето на Prologue/I Know Where You Live која е типична Alice песна,доаѓа мојот фаворит на албумов - Vengence Is Mine. Бавна песна со потешки рифови од вообичаените за Аlice. Просто си влезе во мозоков и си зафати место во истиот. И гостувањето на Slash на гитара на истата песна е само +. Одлично изсвирено.
Тамам си помислив дека Alice се навратил на онај потежок и помрачен стил од Brutal Planet и Dragontown албумите се деси некое мало разочарување. Појке личи на Billion Dollars Babies oдколку на горенаведените али ни то не е лошо. Аlice од стално го бивало во некој саркастичен стил со црн хумор да искажи ваква приказна. А музиката на песните да биди некоја весела за свиркање. Такви се сите останати песни на албумот освен последната, I am the Spider која исто е во некој потежок стил. Далеку од то дека албумот е лош,напротив,еден е од најдобрите после Trash па до ден денес но сепак доколку би бил во стилот на Vengeance is Mine/I Am the Spider би бил апсолутно најдобар. Вака подсеќа на Аlice во најдобрите денови.
Инаку во приказната се работи за серискиот убиец Spider,човек кој одкако излегува од затвор прогонува луѓе,ги фаќа,ги убива и си ги остварва неговите изопачени фантазии.
Секоја жртва ја замотвал во свила и на секоја му фалела по една нога додека на една цело торзо. На крајот се заљубил во една од жртвите и нормално се заебал,бил фатен од полицијата која пронашла човечко тело со 8 нозе,исто како пајаците. :)
Дефинитивно текстуално најтешкиот албум на Alice Cooper.
8че од мене.