
Paradise Lost ја откажаа јужноамеричката турнеја поради неочекуваното напуштање на бендот од страна на нивниот тапанар Jeff Singer.
Во неговата изјава тој образложи дека главна причина поради која си заминува е неподносливоста на музичката индустрија.
Jeff не е во никакви нарушени односи со останатите од бендот, напротив, му било драго што стекнал такви пријатели.
Човекот едноставно реши да ги остави стапчињата и да почне да гради кариера во друга бранша од досегашнава, згора на тоа исто така сакал да се посвети и на фамилијата во што досега бил спречен поради редовните турнеи.
Дали ќе успее во своите намери 37 годишен човек, кој цел живот единствено шо работел е што тропал на тапани – ќе видиме.
Иначе Paradise Lost се обврзани да ја остварат својата европска турнеја Unholy Trinity по повод 20 години од нивното постоење, така да Јeff ке биди заменет со сешн музичар за истата.
chim dave mustaine moze i na trunee i ss familiju zsto pa ovj da ne moze ??
...No Comment !