Новости

Аркона нема да настапи на Дојди Веслај 2

оставено од Vortex на 05.08.08

Не дека не беше познато до сега ама до последен момент чекав да добијам смс од букинг промотерот на Аркона, типот со псевдоним Марис. Во основа сите промотери подлажнуваат за добијат повеќе или за себе или за бендот или пак да се претстават во убаво светло. Имав лоши искуства со Флорин од Романија, но на крајот сепак ги истеруваше работите до крај, макар тоа значело плаќање комбе од 500 евра за да собере бенд од граница.

Марис е посебна приказна, ај што на почетокот бараше баснословна сума за прилично анонимен бенд како Аркона, успеавме некако да се договориме, типот почна да се мафта со барања за бендот (ваква опрема, ваков тонец, онаква храна… Ок, се сложивме и со тоа и следно беше датумот. Според она што го видов на листата на мајспејс претпоставува дека ќе ни го предложи 5-ти Август затоа што 7-ми беше Берлин. На мое изненадување, предложениот датум испадна 6-ти што ни дојде ко кец на десетка затоа што се совпаѓаше со почетокот на Дојди Веслај. Сепак, листата на мајспејс не беше сменета, имаше луѓе што реагираа и на форумов арно ама кога испратив мејл до Марис ми беше објаснето дека листата не е финална, дека има многу промени и дека ќе биде сменета во скоро време. Инаку, во врска со комуникацијата со Марис, изгледаше отприлика вака: праќаш мејл во понеделник, добиваш реплика во среда и тоа на мајспејс, добиваш ново барање во петок преку смс најчесто од непознат странски број, и после репликата 2 недели нема ни траг ни глас од Марис. Разбирам јас зафатеност, арно ама барем во круцијални моменти да одвоеше некоја минута. Пробав често пати да го добијам на мобилниот што ни го даде арно ама поголеми беа шансите Груевски да изговори `р` отколку да се добие Марис на мобилен.

И ок, се помиривме со ваквиот начин на комуникација од проста причина што изгледаше ситуацијата како се да е средено и дека само се чека бендот… кога на 3 недели пред концертот Марис испраќа непотпишан смс (пак од рандом број) дека 6ти Август бил недостапен затоа што претходно бил букиран за Нови Сад ? Му кажав дека договорот е тој и дека не можеме да менуваме датуми на што ми беше одговорено (после 3 дена) дека е ок, и дека другите ќе го сменеле датумот. Погледнав пак на листата, гледам 7ми е пак Берлин, реагирав дека ќе имаат проблеми со стигнување до таму за 1 ден и ми беше кажано дека не се тие датумите дека е сменета листата. Ок.

Поминаа 10-тина дена, еве го пак Марис со драматичен мејл “You must organiza on fifth 6th not available going to berlin for one day, sorry, very sorry”. После ова ми беше јасно дека не ја бива работава и му предложив да го откаже концертот штом веќе не се држи за збор. Исто така голем пропуст беше што не направивме никаков договор (аматери сме јбг) во врска со датумот. Добив одговор дека многу би сакале да свират тука и дека ќе најдат решение… кое го чекавме точно 1 недела кога Марис пиша дека бендот требало да свири прв за да може да замине во 9 часот за да стигне во Виена следниот ден од каде со авион ќе се одело во Берлин. Иако ми беше „шујбе“ од планот, сепак претпоставив дека е ова крупно жртвување од страна на бендот и го прифатив. Сите беа известени дека ок, конечно се среди ситуацијата со Аркона… се додека 2 дена после тоа Авет не ми пиша дека добил порака на мајспејс од Марис дека планот нема да го биде, бил премногу ризичен и скап. :D Нормално, цела недела бев игнориран пред да добијам уште една молба од Марис да го смениме датумот на 5ти (успат ова се случува минатиот викенд… на неполни 10 дена пред свирката) која беше одбиена за да после добиеме нова фикс идеја од негова страна “can you check prices tickets for plane for thesaloniki berlin pls”. Ок, проверив, 150 евра по човек отприлика, пишав… го немаше 4 дена да одговори и стига порака на Мајспејс (?!?) каде што ме прашува дали ние би ги платиле авионските карти (6 души по 150 евра… успат). Тоа беше моментот кога и последната надеж почна да испушта душа… му одговорив дека не доаѓа во предвид на што беше одговорено дека „ќе мора да го откажат концертот“. Арно ама ова не е крајот на приказната… 2 дена после ова стигнува нов смс од странски број со симпатичен англиски кој изгледаше отприлика вака „berlin may canceled if canceled we play in struga ok for you? yes?”. Реплицирав да се изјаснат до петок на што не добив повеќе одговор…

Успат, во меѓувреме Авет контактирал со бендот и му било кажано дека цело време немале поим што било договарано со нивниот промотер Марис и дека биле изненадени до каде дошла работата.

Немам што друго да кажам, жалам за откажувањето и се чувствувам виновен што не беше најавено многу порано. Требаше да го отпукаме Марис уште при првите обиди да го смени датумот.

П.С. Се извинувам за евентуалните граматички грешки и лошиот вокабулар, го напишав ова набрзина.

4 Коментари
Nikola_gruevski_1_thumb
пред 3 месеци

Vakvo driblanje nemam videno uste od Maradona-1984. Znaci kakvi neozbilni luge postojat na svetot. Pamet za drugpat da nema dogovor so nekoj sto se pretstavuva so psevdonim, a ne so vistinskoto ime.

Sepak nema da odlucat vozacite tuku gorniot kako ke gi navlazni – Milenko Nedelkovski

+7
1508_thumb
пред 3 месеци

Штета што Аркона нема да свират на DV 2, не сум некој фан ниту на нив, ниту на музиката која ја свират, али знам еден куп луѓе кои како мали деца се радуваа за доагањето на Аркона, и баш ми е криво што испадна вака.

Марис значи пет пати откажувал, пет пати се нудел, за на крај да испадне невиден педер. Аркона нека си најдат некој друг тур менаџер, мислам со кој памет прашува дали ќе им бидат платени шестте авионски карти од по 150 евра??? Се сеќавам колку Бригада отиде во минус поради заебанциите на Флорин, и тоа што грото од металците не го испочитуваа трудот на Бригада која по секоја цена настојуваше да се одржи концертот. И Пецо во случајов ти си најмалку виновен и нема никаква потреба да чуствуваш било каква вина поради касното информирање. Само еден е виновникот-Марис… Сигурен сум дека во блиска иднина Аркона ќе ја посетат Македонија, а до тогаш останува да чекаме… Поздрав

Да се живее не е ништо ново, но и да се умре исто така

+11
1781_logo_thumb
пред 3 месеци

Pamet za drugpat da nema dogovor so nekoj sto se pretstavuva so psevdonim, a ne so vistinskoto ime.


Мала исправка, можеби текстот така делува, ама Марис се претстави со полно име и презиме. Во текстот е користено Марис затоа што е полесно за пишување од Mariuscz Something (му го заборавив пак презимето јбг).

Another tomorrow, shedding the shade we made yesterday…
Disguised as the lightning,
dissolving all of the thunder
then appeasing our monsters under the acrylic skies.
Another tomorrow…

+12
Drvoto_thumb
пред 3 месеци

Тоа е тоа, приказната е таа и нема што многу да се коментира… жал ми е и мене, беше прекрасна прилика, но разговарајќи со Сергеј од Аркона увидов дека сепак има шанси некој поубав другпат да ги донесеме во Македонија.
Поздрав!

+3

Имаш новости?

Клик тука!